Со цел да спречи „крадење“ на време од страна на голманите, ФИФА е подготвена да воведе ново револуционерно правило, кое наскоро би можело да стане дел од фудбалските терени.
Се размислува за воведување на правило, кое ќе ја забрза играта, и ќе ги намали задржувањата на време на крајот од натпреварите.
За што станува збор? Голманите се тие кои се секогаш во центар на внимание кога станува збор за задржување на време. Понекогаш топката ја држат подолго од тоа што треба, а кога топката ќе оди во гол аут, често поминува и пола минута додека ја вратат во игра. Притоа, може да добијат жолт картон, кој на противникот не му значи ништо, затоа што загубил време.
Затоа според новите правила кои би биле воведени, а кои веќе се тестирани на младинското издание во Премиерлигата, голманот кога ќе ја фати топката во рака може да ја држи најмногу осум секунди. Ако чуварот на мрежата не ја исфрли на време, тогаш противникот добива корнер.
Но, ова правило нема да дојде по гол аут, туку само по фатена топка и нејзино враќање во игра. Се уште не е познато кога ова правило ќе почне да се применува.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

