Резервите го искачија Атлетико на врвот на Ла Лига

Атлетико Мадрид ќе мине најмалку еден ден на врвот на табелата во Ла Лига откако тимот на Диего Симеоне го доби вечерашниот тежок дуел против Атлетик Билбао со 1-0. Со оваа победа, Атлетико се искачи на „плус два“ во однос на Барселона, но и меч повеќе во однос на каталонците кои утре ќе го играат својот меч од оваa 26. рунда, на домашен терен со Реал Сосиедад.

Гостите од Билбао се покажаа како цврст ривал, со дисциплинирана игра во одбраната успевајќи да ги неутрализираат нападите на Атлетико се до 66. минута.

Пресудни се покажаа измените што ги направи Диего Симеоне, ако се знае дека Љоренте и Алварез учествуваа во акцијата за победничкиот гол во 66. минута, помалку од десет минути откако двајца заедно влегоа во игра на местата на Симеоне и на Серлот. Љоренте испрати генијално додавање зад последната одбранбена линија на гостите, а Аргентинецот одлично се снајде, во манир на голем стрелец сместувајќи ја топката во мрежата.

Домаќините имаа и многу среќа во финишот, ако се знае дека Атлетик Билбао имаше неколку шанси за израмнувајќи, погодувајќи го и дирекот од голот на Јан Облак.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...