Металург со многу мака го скрши отпорот на Криенс, обезбедувајќи си минимална предност пред реваншот на кој ќе се решава патникот во групната фаза од Лигата на Европа.
Со оглед на случувањата на теренот, конечниот исход мора да биде задоволувачки за македонскиот тим, но на тренерот Кастратовиќ и неговите соработници му е јасно дека со вакво издание тешко ќе може да се одбранат овие „плус два“ по седум дена во Цирих.
Тарабокија и Хорват беа на висина на задачата, но важни европски средби не се добиваат само со двајца расположени ракометари. Јасно им е тоа на „металурзите“, но седум дена се доволно време за да се извршат неопходните корекции и на реваншот да биде покажано вистинското лице, за остварување на зацртаната цел – пласман во групната фаза од Лигата на Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА