Осминафиналето во Купот на Словенија за сезоната 2025/2026, донесе резултат каков не памети фудбалскиот свет во последно време. На дуелот меѓу нисколигашите Бистрица од Словенска Бистрица и тимот на Стојнци, на крајот на семафорот имаше нереален резултат. Второлигашот Бистрица победи со резултат од 18-0.
Првото полувреме веќе даде навестување дека овој натпревар може да биде посебен во многу погледи. Бистрица го доби првото полувреме со 10-0, а интересно е што постигнаа два гола во првата минута од мечот, па на семафорот беше 2-0 по само 60 секунди игра.
Во второто полувреме, рапсодијата на Бистрица продолжи, а во 65. минута веќе беше огромни 17-0. До крајот на натпреварот, домашните постигнаа само уште еден гол, малку ја спуштија топката, па гостите избегнаа можеби 20 гола во мрежата.
Ова е една од најголемите победи во историјата, не само во Словенија, туку и една од најголемите победи во официјалните Куп натпревари на Стариот континент. Сигурно е дека светот на фудбалот не памети ваков резултат на официјален натпревар, и тоа во оваа фаза од Куп натпреварувањето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

