Резултат за аналите: Вардар победи со 101 разлика

Женскиот кошаркарски клуб Вардар го забележа еден од најубедливите триумфи во историјата на сениорската кошарка во Македонија славејќи со 136-35 во натпреварот против Патриот во 9. коло од Првата лига.

Кошаркарките во „црвено-црно“ доминираа на теренот полнејќи го кошот на противникот од самиот страт на средбата за победа со 101 разлика.

Најрасположена за игра беше Елена Тасевска која реализираше „трипл-дабл“ учинок од 20 поени, 14 скокови и 10 асистенции забележувајќи го своето име во листата на кошаркарки кои стигнале до ваков успех во мак-баскетот.

Во остнатите натпревари:

Бадел 1862 – Баскет кам 64-81

Крива Паланка – МЗТ Бела вода 83-48

Пробаскет – Спорт тим 84-63

Се вчитува...