Фудбалерите на Шкендија испишаа историја откако стигнаа до 22. место во Конференциската лига на УЕФА, со што станаа прв македонски клуб што успеал да се пласира во нокаут-фазата од едно европско натпреварување.
Тетовци одиграа шест меча и имаат скор од две победи, едно реми и тро порази, со гол разлика од четири постигнати и пет примени погодоци.
Токму овие „минус еден“ во гол-разликата овозможија македонскиот првак да се најде на 22. позиција, оставајќи ги зад себе Зрињски, Сигма Оломуц, Универзитатеа Крајова и Линколн, кои исто така имаа седум бода, но и послаба гол-разлика од тетовци.
За успехот на „црвено-црните“ најдобро говори фактот дека зад нив на табелата се најде и украинскиот гигант Динамо Киев, потоа и Легија и Слован Братислава, тимови што пред неколку години беа дел од Лигата на Шампионите…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

