Во меч со многу пресврти, со водства и на двете страни, екипата на МЗТ Скопје успеа да го совлада Кожув со 69-63, и да дојде до шестиот триумф во осмиот натпревар во сезоната.
Двата тима се менуваа во предноста, најпрво водеа „металците“, потоа гостите од Гевгелија, за во последниот период да се влезе во „егал“, а потоа МЗТ во финишот беше подобар и дојде до победата.
Беше 57-57 на почетокот на четвртата четвртина, а потоа МЗТ постигна пет поени по ред за предност, која ја држеше до крајот на мечот.
Пилепиќ и Стевановиќ беа најефикасни со 21, односно 18 поени, додека кај МЗТ браќата Стојановски постигнаа по 13 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА