Ракометната федерација на Македонија ги објави протоколите за работа на ракометните клубови во време на пандемијата на коронавирусот, како начин за превенција и заштита од Ковид-19, кои беа донесени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство
Согласно протоколите, тренинзите и натпреварите во рамките на ракометните натпреварување, пријателски или официјални, ќе се одвиваат без присуство на публика. Ќе има ограничен пристап на терените, а сите официјални лица, со исклучок на ракометарите на терен, ќе мора да носат заштитни марки.
Сите ракометари и членови на ракометните тимови ќе мора да се тестираат најдоцна 72 часа пред почетокот на натпреварувањето, a по потреба и дополнително.
Комплетниот протокол за работа на ракометните клубови може да го погледнете на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА