Ракометната федерација на Македонија објави дека се исплатени премиите на машката и женската ракометна репрезентација на Македонија за пласманот на Светското првенство (машка конкуренција) и Европското првенство (женска конкуренција).
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на РФМ:
„Ракометната Федерација на Македонија по претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес (14.11.2024 г.) ги исплати наградите на националните селекции во износ од :
– 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација, за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска,Норвешка и Данска ;– 1.000.000,00 денари на младинската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Р. Словенија ;– 2.000.000,00 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и Австрија ;Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF Men’s World Championship 2025 по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови. Сениорите својот настап на светското првенство ќе го имаат во градот Вараждин , Р.Хрватска и ќе разигруваат во прелиминарниот дел во групата со селекциите на Унгарија , Холандија и Гвинеја.Машката кадетска ракометна репрезентација со прикажаните одлични настапи на M20 EHF EURO Championship 2024, веќе следната година ги очекува учество на IHF Men’s U21 Handball World Championship кое ќе се одржува во Полска во периодот 18 – 29.06.2025 год.Женската сениорска репрезентација обезбеди пласман на Women’s EHF EURO 2024 преку квалификациите, како 2-ро пласирана во групата. Европското првенство годинава во женска конкуренција за прв пат ќе биде организирано со 24 селекции, а нашите сениорки својот настап во прелиминарната група ќе го имаат со селекциите на Унгарија, Турција и Шведска во градот Дебрецин, Р.Унгарија.
Со почит, Ракометна Федерација на Македонија“, стои во соопштението на РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА