По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата од 2.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот на Европското првенство 2024 во Германија, како и наградата во износ од 1.000.000,00 денари за кадетската селекција (машка конкуренција), за освоено 9-то место на Светското младинско првенство 2023, информираа денеска од РФМ.
Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на ЕВРО 2024 во Германија освојувајќи го 2-то место во групата покрај репрезентациите на Португалија, Луксембург и Турција и го задржа континуитетот за настап на завршниот континентален турнир по 8-ми пат.
Машката кадетска ракометна репрезентација по прикажаните одлични настапи на Светскиот шампионат 2023, веќе следната година ги очекува учество на Европското првенство 2024 за ракометари до 20 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА