Женската ракометна репрезентација на Македонија за успешниот настап во квалификациите и пласманот во баражот за СП 2019 од УО на РФМ ќе биде наградена со 10.000 евра , а дополнителни 30.000 евра ќе поделат ракометарките доколку ја поминат Словенија во јунскиот бараж и се пласираат на СП во Јапонија.
Позитивни оценки беа дадени за извештајот на селекторот Симе Симовски за настапите на женската ракометна репрезентација на Македонија, на Медитеранските игри и во двата циклуси квалификации.
„Имате апсолутна поддршка. Очекувам детална програма за подготовките и ќе настојуваме да направиме се им дадеме шанса на ракометарките да направат нешто повеќе“ – истакна претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Бараж двомечот со Словенија ќе се одигра во периодот од 31 мај/2 јуни и 8/9 јуни, првиот натпревар макеоднската репрезентација го игра на домашен терен, а реваншот е во Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА