Женската ракометна репрезентација на Македонија до 18 години по максималниот учинок во воведната фаза од Светското првенство кое се одржува во Скопје, вечерва ја очекува клучниот натпревар за пласман меѓу осумте најдобри на мундијалот. „Црвено-жолтите“ девојки во првиот меч од главната фаза на шампионатот за противник ќе ја имаат соодветната репрезентација на Шведска.
Ракометната федерација на Македонија одлучи да ги отвори вратите на арената „Борис ТрајковскИ„ за мечот во кој нашите девојки може да обезбедат пласман меѓу осумте најдобри во светот. Исто така пренос од овој меч ќе има и на третиот канал на Македонската радио телевизија. Натпреварот е со почеток во 20.30 часот.
„Почитувани спортски пријатели, Ве информираме во рамки на кадетскиот Мундијал во женска конкуренција, натпреварот пoмеѓу македонската селекција и селекцијата на Шведска ќе се одржува во спортскиот центар “Борис Трајковски” со почеток во 20:30 часот , влезот е слободен. Натпреварот може да се проследи во живо и на спортскиот канал на МТВ“, стои во соопштението на РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА