РФМ излезе во пресрет на клубовите: Зголемен бројот на странците во ракометот

По предлог од страна на клубовите од машката супер лига на конференција на клубови одржана на ден 18.06.2025, управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија донеесе одлука да го прифати барањето, и ја донесе следната одлука:

Во сезона 2025/2026 бројот на странски ракометари на натпревар во завршниот дел од сезоната (Плеј Оф-Плеј Аут) во домашното првенство може да биде 9 (девет) ракометари.

  • Од вкупната бројка на странски ракометари право на настап имаат 6 (шест) ракометари кои што имаат настап за својата национална репрезентација во било која селекција (сениорска, младинска, кадетска).
  • Од вкупната бројка на странски ракометари 3 (три) ракометари да можат да настапат без ограничување од претходната точка по слободен избор на клубовите.

Се вчитува...