Ракометната федерација на Македонија ја исплати наградата во вкупна вредност од 700.000 денари на машката кадетска репрезентација и членовите на стручниот штаб за освојувањето на ЕХФ шампионатот во Рига.
Со овој трофеј нашите ракометари обезбедија пласман на следното Европско првенство до 20 години во 2024 година како и на светскиот шампионат кој следната година ќе се игра во Хрватска.
„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денеска Ракометната Федерација на Македонија ја исплати паричната награда во вкупна вредност од 700.000 денари за машката кадетска ракометна репрезентација и членовите на стручниот штаб за освоено прво место на EHF Championship М18 Latvia 2022 во Рига, како и за обезбедување пласман на М20 EHF EURO 2024 и обезбедено учество на MU19 WCH 2023 во Р.Хрватска“, соопштуваат од куќата на Ракометот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА