Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата во висина од 40.000 евра на членовите на машката сениорска репрезентација, за остварениот успех со пласманот на Европското Првенство што во јануари 2020 година ќе се одржи во Австрија,Норвешка и воШведска.
Македонските репрезентативци го освоија првото место во квалификациската група за ЕП во која уште се наоѓаа и репрезентациите на Исланд, Турција и Грција, со што се најде во вториот шешир за извлекувањето на групите за континенталниот собир. Тоа им овозможи на „црвено-жолтите“ да добијат нешто полесни ривали, па во јануари ќе бидат дел од групата Б во Виена, каде ќе водат битки со селекциите на Австрија, Чешка и Украина.
Ова ќе биде шесто учество на македонскиот национален тим на Европските Првенства, по настапите во Италија (1998), Србија (2012), Данска (2014) и Полска (2016), Хрватска (2018).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА