РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има ракометна иднина

Ракометната репрезентација на Македонија го заврши настапот на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка на 15. место што е пласман кој е многу подобар од очекувањата пред заминувањето за Вараждин.

Ниту еден противник не не надигра тотално, а на крајот ракометарите завршија со учинок од две победи два порази и две нерешени. Од Ракометната федерација на Македонија по завршувањето на настапот на СП испратија порака во која порачаа дека цела нација треба да биде горда на овие момци.

Се вчитува...