Ракометната федерација на Македонија, по претходно донесена одлука на УО на РФМ, на машката ракометна репрезентација и ја исплати премијата од 30.000 евра, за пласманот во втората фаза на ЕП во Хрватска.
Македонија го освои првото место во групата во првата фаза на ЕП, со две победи против Словенија и Црна Гора и реми против Германија и обезбеди место во најдобрите 12 репрезентации во Европа. Во втората фаза во Вараждин, македонската репрезентација претрпе три порази и на крај заврши на 11.место.
Ова беше петто учество на машката сениорска репрезентација на Македонија на европските првенства, четврто по ред од ЕП 2012 во Србија.
Со пласманот на ЕП 2018 во Хрватска, Македонија осигура место во групата на носителите во баражот за СП 2019 во кој за противник во јуни ќе ја има селекцијата на Романија.
Ракометарите следниот викенд, во неделата на ЕХФ ќе го имаат првиот собир на кој ќе одиграат еден контролен натпревар против репрезентацијата на Русија за старт на подготовките пред јунскиот бараж за СП 2019.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА