Ракометната Федерација на Македонија попладнево преку соопштение потврди дека „црвено-жолтите“ се соочуваат со сериозни проблеми пред самиот почеток на новиот квалификациски циклус и дуелите со Финска и со Швајцарија, откако тројца ракометари и тројца членови на стручниот штаб биле позитивни на тестирањето за коронавирус.
Станува збор за интернационалецот од Швајцарија, Мартин Поповски, како и двајцата ракометари на Еурофарм Пелистер, Марио Танкоски и Мартин Велковски. Селекторот Брестовац има проблем и со стручниот штаб, откако како замена за Матлиески ги повика Раде Стојановиќ, но и тренерот на Охрид сега е позитивен на Covid-19.
Соопштението од „куќата на ракометот“ го пренесуваме во целост:
Почитувани,
Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија пред започнување на собирот спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на COVID – 19.
Ве информираме дека следните лица кои што се дел од машката сениорска ракометна репрезентација се позитивни на корона вирусот:
Александар Царчев – тренер на голмани
Никола Матлиески – помошник тренер
Радослав Стојановиќ – помошник тренер
Марио Танкоски – ракометар
Мартин Велковски – ракометар
Мартин Поповски – ракометар
Ве известуваме дека контактите се изолирани и ракометарите и стручниот штаб кои се позитивни немаале контакт со останатите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања.
Согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација “EHF Hygiene Concept” за спроведување на натпревари не е предвидена Прес-конференција/ брифинг со медиуми.
Се замолуваат претставниците на медиумите да имаат разбирање и да се почитуваат предвидените протоколи, за секоја измена на состојбата врска претстојниот собир РФМ ќе излезе со соопштение.
Со почит,
Ракометна Федерација на Македонија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА