Ракометната Федерација на Македонија преку Управниот Одбор донесе одлука околу системот за натпреварување за наредната сезона. Претседателот Мукаетов и неговите соработници останаа на ставот за формирање на максимално силна и конкурентна лига, вклучувајќи ги Вардар и Еурофарм Пелистер да бидат дел од Супер-лигата од првото коло, наместо како досега да се приклучат дури во плејофот.
Според донесената одлука, Супер-лигата во наредната сезона ќе брои 12 клубови, што значи дека нема промена во планот за испаѓање од плејаут лигата за сезонава – автоматски опстанок обезбедува само првопласираниот тим во плејаут-лигата, додека второпласираната екипа ќе игра бараж со победникот на Првата Лига.
Покрај тоа, донесена е одлука за намалување на лигата од сезоната 2022/23, од дванаесет на десет екипи. Воедно, бројот на странци за таа сезона ќе се лимитира на само шест ракометари, од кои три може да бидат по произволен избор, но тројца мора да имаат најмалку по десет настапи за своите репрезентации.
Објаснувањето на РФМ за системот на натпревари го пренесуваме во целост:
Од сезона 2021/2022 Машката Супер лига да брои 12 ракометни екипи односно екипите со остварен пласман 1-во до 10-то место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж натпреварот помеѓу 11-то пласираниот во Супер Лига и 2-ро пласираниот од Прва Лига
од сезона 2020/2021 и победникот од Прва Лига од сезона 2020/2021, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем,
• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин 2 х 11 кола) вкупно 22 кола.
• По завршување на 22-ро коло ќе се игра play-off и play-out, односно екипите пласирани/рангирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата play-off од 6 екипи, екипите со остварен пласман 7-мо до 12-то место ќе ја формираат групата playout.
• Во play-off екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола , по принципот:
1-от пренесува 5 бода
2-от пренесува 4 бода
3-от пренесува 3 бода
4-от пренесува 2 бода
5-от пренесува 1 бод
6-от пренесува 0 бодови
• Во play-out групата, формирана од екипите од 7-мо до 12-то место, разигруваат по еднокружен бод систем ( домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола за опстанок во Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот :
7-от пренесува 5 бодови
8-от пренесува 4 бода
9-от пренесува 3 бод
10-от пренесува 2 бодови
11-от пренесува 1 бод
12-от пренесува 0 бодови
По добивање на конечниот пласман во play-out 1-от и 2-от остануваат во Супер Лига,3-от игра бараж со 2-от од Прва Лига за опстанок во највисок степен на натпреварување, 4-от, 5-от и 6-от преминуваат во Прва Лига, а првиот од Прва Лига влегува директно во Супер Лига.
3. Од сезона 2022/2023 Машката Супер лига да брои 10 ракометни екипи односно екипите со остварен пласман 1-во до 8-мо место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж натпреварот помеѓу 9-то пласираниот во Супер Лига и 2-ро пласираниот од Прва Лига
од сезона 2021/2022 и победникот од Прва лига од сезона 2021/2022, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем.
• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин 2 х 9 кола) вкупно 18 кола.
• По завршување на 18-тото коло ќе се игра play-off и play-out, односно екипите пласирани/рангирани од 1-во до 6-то место ќе ја формираат групата play-off од 6 екипи, екипите со остварен пласман 7-мо до 10-то место ќе ја формираат групата playout.
• Во play-off екипите се натреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин 2 х 5 кола) вкупно 10 кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 18 кола , по принципот:
1-от пренесува 5 бода
2-от пренесува 4 бода
3-от пренесува 3 бода
4-от пренесува 2 бода
5-от пренесува 1 бод
6-от пренесува 0 бодови
• Во play-out групата, формирана од екипите од 7-мо до 10-то место, разигруваат по еднокружен бод систем ( домаќин – гостин 2 х 3 кола) вкупно 6 кола за опстанок во Супер Лига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 18 кола по принципот :
7-от пренесува 3 бодови
8-от пренесува 2 бода
9-от пренесува 1 бод
10-от пренесува 0 бодови
По добивање на конечниот пласман во play-out 1-от и 2-от остануваат во Супер Лига,3-от од Супер лига play-out игра бараж со 2-от од Прва Лига за опстанок во највисок степен на натпреварување, 4-от Супер лига plаy-out преминува во Прва Лига, а првиот од Прва Лига влегува директно во Супер Лига.
3. За сезона 2020/2021 до колку Првата лига брои до 14 екипи системот на натпреварување ќе биде еднокружен (домаќин – гостин 2 х 13 кола ) вкупно 26 кола. По завршување на 26–тото коло се добива конечен пласман. До колку има повеќе пријавени од 14 екипи системот на натпревари ќе биде моделиран во 2 групи.
4.За сезона 2021/2022 сите екипи согласно остварениот пласман и ново формирани ќе сепријават во Прва Лига во сениорска машка конкуренција , без формирање на Втора Лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА