РФМ побара одложување на мечот со Словенија, но ЕХФ одби – Натпреварот во Копер ќе почне со едноминутно молчење!

Дел од македонската спортска јавност, а добро претпоставувајќи за актуелната психолошка состојба во која се наоѓа и комплетната македонска репрезентација која вечерва ја очекува квалификацискиот натпревар на Македонија против Словенија, побара и одложување на ракометниот натпревар.

Одложување на натпреварот побара официјално и Ракометната федерација на Македонија, но како што информираат од РФМ, Европската ракометна федерација не одобри такво нешто.

„Ве известуваме дека Ракометната федерација на Македонија стапи во контакт со официјални лица од Европската ракометна федерација и побара одложување на натпреварот меѓу националните сениорски селекции на Словенија и Македонија, но истото не беше одобрено. Натпреварот ќе започне со минута молк“ – не информираа од РФМ.

Натпреварот во Копер почнува од 18:30 часот.

Се вчитува...