Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) поднесе апликација до Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) за организација на Светското првенство за мажи до 21 година во 2027 година.
Домаќин би бил Скопје, а во понудата се вклучени четири сали: „Јане Сандански“, „Борис Трајковски“, „Расадник“ и големата сала во Кале. Експерти на ИХФ веќе извршија инспекција на овие објекти. Салата „Расадник“ е во завршна фаза на изградба, додека салата во „Кале“ е под клуч, но се очекува да биде реновирана до почетокот на првенството, откако претходно беше прогласена за небезбедна.
Одлуката од ИХФ се очекува на почетокот на март 2026 година. Доколку апликацијата биде одобрена, Македонија би го продолжила успешниот тренд на организација на големи натпреварувања, вклучително и женското сениорско Европско првенство во 2022 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

