РФМ потврди: Супер-купот на Македонија ќе се игра во Кавадарци

Новата ракометна сезона ќе стартува со мечот од Супер-купот на Македонија во кој ќе се сретнат шампионот Е. Пелистер и куп-освојувачот Вардар.

Овој дуел е закажан за 3 септември во 19 часот, а Ракометната Федерација на Македонија денеска официјално потврди дека супер-купот ќе биде одигран на неутрален терен, во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

„Очекуваме полни трибини и фантастична атмосфера – бидете дел од големиот ракометен спектакл“, порачуваат од македонската куќа на ракометот.

Ланската сезона мечот од Супер-купот на Македонија беше одигран во Гевгелија, каде Алкалоид славеше над тимот на Е. Пелистер.

Се вчитува...