Управниот Одбор при РФМ донесе серија одлуки поврзани со сениорските репрезентации, именувајќи го Левче Китевски за нов директор на машката репрезентација. Китевски на оваа функција ќе го наследи Димитар Митревски, кој беше директор за време на ЕП 2020, но со најновата распределба доби нова функција – координатор на машки ракометни репрезентации.
За Китевски ова е враќање во мак-ракометот по неколку години пауза, откако го напушти Металург во периодот на најголема финансиска криза на клубот од Автокоманда. Потоа Китевски имаше и кратка авантура во Железничар Ниш, за сега како директор на репрезентацијата да се врати на домашната ракометна сцена.
Поранешниот македонски селектор Гино Стрезовки е именуван во стручен советник на селекторот во женските репрезентации.
Воедно, „засилен“ ќе биде и управниот одбор на РФМ, во кој се приклучуваат Ѓорѓе Војновиќ, главен Извршен директор на Триглав Осигурување АД Скопје и Билал Суџубаши , Генерален Извршен директор на Халкбанк АД Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА