Последните извршени тестови врз нашите ракометари и членови на стручниот штаб во пресрет на утрешниот дуел со Финска се негативни, па селекторот Данило Брестовац ќе нема нови главоболки околу составот. Oткако во претходните денови поради коронавирус отпаднаа тројца репрезентативци (Танкоски, Поповски и Велковски) и тројца членови на стручниот штаб (Матлиески, Стојановиќ и Царчев), кормиларот на националниот тим денеска ќе може да одржи комплетен тренинг со сите репрезентативци, за воигрување на селекцијата пред премиерниот дуел од новиот квалификациски циклус.
Почитувани,
Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на ЕХФ ЕУРО 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна Федерација на Македонија ги спроведе последните тестирања за детекција на вирусот ЦОВИД – 19.
Ве информираме дека сите резултати на спроведените тестови на ракометарите и стручниот штаб се НЕГАТИВНИ , воедно селекцијата на Финска го потврди списокот на делегацијата која пристигнува и се со НЕГАТИВНИ тестови .
Повторно напоменуваме дека согласно Протоколите за спроведување на натпревари донесени од Владата и документот издаден од Европската Ракометна Федерација “EHF Hygiene Concept” за спроведување на натпревари не е предвидена Прес-конференција/ брифинг со медиуми.
Со почит.
Ракометна Федерација на Македонија
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА