Раководството на Ракометната Федерација на Македонија преку соопштение испрати јавна благодарност до Општина Гевгелија, Градоначалникот Сарамандов и РК Партизан за беспрекорната организација на мечот од Супер-купот на Македонија што беше одигран во салата „26 Април“.
Алкалоид и Е. Пелистер одиграа одличен меч што мина во максимално коректна атмосфера, во кој на крајот славеше скопскиот тим, освојувајќи го вториот трофеј во клупската историја.
„Почитувани,
Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до Андон Сарамандов – Градоначалник на Општина Гевгелија и РК Партизан Гевгелија, за спроведувањето и учество во организацијата на СУПЕР КУП натпреварот 2024 кој се одржа во спортската сала 26-ти Април.
Воедно изразуваме искрени честитки и пофалби во делот на организација за топлиот прием за играчите, тренерите, службениците лица и гледачите кои беа присутни во спортската сала 26-ти Април – Гевгелија .
Заедничкиот придонес на сите инволвирани чинители во ракометниот спорт, е заложба и приоритет за одржување на епитетот национален спорт број 1“, се вели во дописот од Ракометната Федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА