РФМ со извинување за навивачите, РК Пелистер одговорен за влезниците

Ракометната федерација на Македонија упати извинување до сите љубители на ракометот кои немаа можност да влезат во салата во Битола, а имаа купени влезници за натпреварот Македонија – Турција. РФМ соопшти дека сите влезници за натпреварот му биле отстапени на РК Пелистер кој ја презема обврска за финансиски надоместок за навивачите.

„Почитувани пријатели на ракометот,

Ракометната Федерација на Македонија ги отстапи влезниците во целост на РК Пелистер за квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија – Турција кој се одржа во спортската сала “Боро Чурлевски”.

Ракометната Федерација на Македонија упатува извинување до сите кои имаа обезбедено влезници, а немаа можност да присуствуваат на натпреварот и истите ќе бидат финансиски надоместени од страна на РК Пелистер“ – стои во соопштението од РФМ.

 

Се вчитува...