Ракометната федерација на Македонија донесе одлука со која ќе ги награда репрезентативците со 50.000 евра доколу успеат да обезбедат пласман во втората фаза Европското првенство кое се игра во Унгарија и Словачка.
„Црвено-жолтите“ утре со чартер лет заминуваат за Дебрецин каде ќе ги одиграат натпреварите од првата фаза на континенталниот шампионат. Првиот натпревар македонската ракометна репрезентација ќе го има на 13. јуни против Словенија.
Потоа на 15. се среќаваме со Црна Гора, додека првата рунда ќе биде затворена со мечот против Данска кој е закажан за 17. јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА