Женската ракометна репрезентација на Македонија на 7 март со почеток во 17 часот ќе ја пречека Белгија во рамките од квалификациите за ЕП, дуел што ќе биде одигран во салата во Куманово.
Раководството на Куманово донесе добар потег, одредувајќи цената на билетите за овој дуел да изнесува скромни 100 денари, се со цел салата да биде што повеќе надполнета и ракометарките да ја добијат поддршката од трибините што ја заслужуваат.
„Нашата женска сениорска репрезентација ја очекува еден од најважните натпревари во квалификациите – директен дуел со селекцијата на Белгија во борбата за пласман на Европското првенство. Да создадеме домашна атмосфера и заедно да ја бодриме Македонија’, објави РФМ.
📅 07 март 2026
🕔 17:00 часот
📍 СЦ „Куманово“ – Куманово
🎟️ Влезниците се ВЕЌЕ во продажба!
Може да ги набавите online 👉 mktickets.mk
или на сите продажни места на МК Тикет низ државата.
💰 Цена: 100 денари
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

