Филип Миркуловски имаше триумфален крај на кариерата откако во последниот професионален меч како играч македонскиот ас се радуваше на победа со Вецлар над Минден изразена со конечни 30-28.
Македонскиот интернационалец уште пред извесно време објави дека оваа сезона ќе му биде последна, во меѓувреме имаше и триумфално простување од националниот тим, за вчера во ист стил да ја заврши и клупската кариера.
Голем број од ракометните работници во земјава и странство му посакаа среќна пензија, а најмоќната порака ја имаше Ракометната федерација на Македонија.
„Голема благодарност до македонскиот #braveheart за севкупниот придонес за ракометот во Македонија. Филип (Жути) Миркуловски“, напишаа од РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА