РФМ со повик за пријавување на екипи за мини-ракомет

Ракометната Федерација на Македонија објавува Јавен повик за организирање и учество во натпреварување во Мини ракомет за деца родени 2014 година и помлади, со цел развој на ракометот кај најмладите и поттикнување спортски дух, фер-плеј и здрави навики.

Право на учество имаат клубови, училишта и ракометни школи, а пријавите на официјалниот маил на РФМ најдоцна до 14.03.2026, со основни податоци за клубот и список на играчи.

Се вчитува...