Ракометната федерација на Македонија му изрече суспензија од три месеци на Дејан Манасков, по конфликтот што играчот на Е. Пелистер го имаше со службеното лице на Охрид, Крсте Андоновски, по завршувањето на мечот во кој битоолчани претрпеа разочарувачки пораз.
Манасков по дуелот мораше да замине во полициска станица и да даде официјална изјава за инцидентот, против него постапка најверојатно ќе спроведе и МВР, но „дисциплинците“ на РФМ веќе реагираа изрекувајќи жестока казна за екс-репрезентативецот.
Воедно, и Охрид и Е. Пелистер се казнети со по 45.000 денари, додека Андоновски за својата улога во конфликтот со Манасков е казнет со три меча невршење на својата функција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

