Рибакина ќе ја предизвика Сабаленка во финалето на Австралија опен

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина е вториот финалист на женскиот турнир на првиот гранд-слем во сезоната Австралија опен.

Рибакина во полуфиналето славеше над американската тенисерка Џесика Пегула со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-6.

Во финалето Казахстанката за противник ќе ја има првата тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленка која во првото полуфинале исто така со максимални 2-0 славеше против Украинката, Елина Свитолина.

Се вчитува...