Поранешниот тренер Горан Андоновски денеска официјално промовиран како нов тренер на ГРК Охрид повторно враќајќи се во клубот.
Меѓутоа од овој потег на новата управа на ГРК Охрид ниту најмалку среќни најверните навивачи на охридскиот клуб „Рибарите“ кои се и револтирани од враќањето на Андоновски на тренерската функција.
„НИКОГАШ ДОБРЕДОЈДЕН! Ние никогаш нема да ги заборавиме сите навреди кои ги даде кон нас! Ние никогаш нема да ги заборавиме сите навреди и кон клубот сите овие изминати години по сите социјални мрежи! Никој не е поголем од нас НАЈВЕРНИТЕ! Ние секогаш ќе сме со клубот! Само ние ќе сме вечни и нашата љубов кон ОХРИД! Со кое лице ќе го водиш клубот и ќе се појавуваш пред нас стварно не знаеме!?“ – се вели во реакцијата на „Рибари“.
Со свое соопштение се огласи и подгрупата на „Рибари“, „Блуфорс“, кои исто така се крајно незадоволни од оваа одлука на клубот најавувајќи дека отсега ќе го бојкотираат Охрид се додека Андоновски е тренер.
„После крајно лошата сезона на ГРК Охрид очекувано беше да се направат измени како од играчи па така сè до тренери и стручен штаб. Тоа и се случи, со најава за нов пристап кон клубот и нови амбиции. Со нетрпение очекувавме да слушнеме кој ќе биде новиот предводник на нашите “Гладијатори”. И како прв чекор да ви биде поставување на најголемата марионета – човекот кој без срам и перде јавно плукаше по ГРК Охрид! Личност која не заслужува ни името да му се спомне а камо ли утре да добива каква било подршка од нас! Кловнот кој лично кон нас има огромно непочитување го враќате за само да докажете дека повторно ГРК ќе го направите партиско дувло? Па колку лоши резултати да имаа досегашниот кадар на играчи и стручен штаб, оставија поголемо лице за утре вратите им бидат отворени, отколку најголемиот кловн кој досега сме го виделе! Управа која најавува толку позитивни промени, од самиот почеток на нивното водење на клубот покажа колку гласот на навивачите, оние кои ве пратат во секој чекој, оние кои оставаат глас на трибините се небитни за вас!? Затоа ние како подгрупа ќе го преземеме првиот чекор и со оваа објава најавуваме бојкот на ГРК Охрид!“ – се вели во соопштението од „Блуфорс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА