По ремито на домашен терен со Бугарија, селекцијата на Гибралтар гостува во Скопје во четвритиот натпревар во групата Г4 во Лигата на Нации. Селекторот Хулио Рибас на прес-конференцијата кажа дека Македонија е целосен фаворит, и ги спомена победите над Италија и над Германија.
Сепак, Рибас напомена дека атмосферата во неговата репрезентација е одлична после ремито и освоениот бод против Бугарија.
„Задоволство е да се биде тука. За тоа каква репрезентација станува збор, Македонија го покажа со натпреварите против Италија и против Германија. Добро е познато кој е фаворит. Ние имаме добра атмосфера после нерешениот резултат со Бугарија. Тешко е да се играат четири натпревари во волку краток рок. Добро е што во нашиот табор нема повредени и здравствениот билтен е добар“, изјави Рибас.
Фудбалерите очекуваат да одиграат добар натпревар, и дека ќе го дадат максимумот.
„Среќен сум што дебитирав за репрезентацијата. Ќе се обидеме достојно да се преставиме против Македонија. Ќе беше подобро да играме на вештачки терен, затоа што сме навикнати, но и на ваков со трева ќе се обидеме да го дадеме максимумот“, изјави младиот Николас Поцо кој своето деби за националниот тим го имаше пред неколку дена кога дебитираше со 17 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА