Португалскиот интернационалец Луис Рибеиро е последниот во низата играчи кои си заминаа од редовите на Шкупи. Сепак, овој 25-годишен фудбалер реши да остане во мак-фудбалот и денеска потпиша договор со екипата на Башкими.
Кумановци вечерва се пофалија со потписот на овој офанзивен фудбалер, од кого се очекува дополнително да ја зголеми ефикасноста во таборот на Башкими.
Рибеиро според информациите на „Трансфермаркт“ покрај португалски поседува и германски пасош, а пред Шкупи настапуваше во германскиот нисколигаш Туркспор Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

