Шпанија реди победи во групата Б во Мец, па селекторот Жорди Рибера има причина за задоволство поради изданијата на своите избраници. Сепак, трофејниот стратег предупредува дека најтешките предизвици за неговите избраници допрва претстојат, имајќи високо мислење за Македонија, со која Шпанија ќе ги одмери силите в среда навечер.
„Македонија одигра многу добро на првите две средби, на кои дојде до посакуваниот резултат. Без оглед на денешниот пораз, сметам дека тоа е квалитетна репрезентација која во своите редови има добри и искусни ракометари. Ги гледавме на овој шампионат и играат опасно „седум на шест“, но јас верувам во својата репрезентација и очекувам да стигнеме до посакуваната победа“ – изјави Рибера на прес-конференцијата по триумфот над Ангола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА