Македонските ракометари вечерва (20.30 часот) ќе го имаат најтешкиот испит на Мундијалот. Противник е европскиот првак Шпанија со кој немаме пријатни моменти од минатото. Селекторот на „црвената фурија“, Жорди Рибера, вели дека неговиот тим е подготвен за дуелот со Македонија и знае како да дојде до успех.
„Клучот е во одбраната. Македонија игра ’7 на 6’ во нападот, и мора да е признае дека тоа најчесто го прави мошне успешно. Но, доколку ние сме фокусирани, имаме цврста и подвижна зона, и знаеме да ги предвидиме нивните акции, тогаш лесно ќе ги разбиеме. Мораме да ги принудиме да грешат и да чувствуваат притисок во секој момент. Подготвени сме и знаеме што треба да направиме“, порачува селекторот на шпанскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА