Рибери е неверојатен човек – Стоеше зад ѕидот, слушна шокантно признание, па веднаш реагираше!

Франк Рибери е вистинска легенда на фудбалската игра. Поради неговото тешко детство и лузната што ќе го одбележува до крајот на животот, тој многу добро знае каково е чувството да се поминува низ проблем.

Рибери игра во Фиорентина веќе две години и неодамна ја покажа својата човечка величина. Беше во искушение, но во таа прилика ги оправда статусот и угледот што го красат.

Лоренцо Венути, неговиот соиграч, тајно им откри на лекарите од Фиорентина дека неговиот татко боледува од рак и побара совет. Рибери во тој момент бил на другата страна од ѕидот, па слушнал за што се работи.

“Рибери беше во соседната соба и слушна сè. Не знаев за тоа. Ме виде во соблекувалната тажен. Седеше до мене. Ми рече: Лоренцо, немаме тренинг утре, тренерот ќе ни даде пауза. Одведи ме кај татко ти, сакам да го запознаам. Промрморев нешто, моето срце почна да чука силно од возбуда. Тоа беше вистински гест. Еден ден подоцна отидовме во Инкија Валдарно, каде што живее моето семејство. Тој гест за мене значи да се биде човек. И не затоа што се вика Рибери. Тој го стори тоа без да добие ништо за возврат. Исклучиво од љубезност. Тајно, меѓу нас двајца”, рече Венути.

Инаку, Рибери никогаш не ги запознал своите биолошки родители, имајќи предвид дека го оставиле како бебе пред вратата на манастирот во Франција. Тој доживеа страотна сообраќајна несреќа во која заработи лузна на лицето, што ќе го одбележува до крајот на животот. По несреќата имаше повеќе од сто конци на лицето, а раната била застрашувачка.

На самиот почеток беше одбиен од мнозинството поради неговиот изглед, исмејуван и понижуван на секој чекор, но се чини дека сето тоа го зајакнал како човек.

“Тоа ми даде карактер и сила, затоа што кога си дете и имаш таква лузна, не е лесно. Страдав поради тоа. Луѓето велеа: Погледнете го неговото лице, погледнете ја неговата глава, тој е грд, одвратен … Луѓето ме гледаа, но не затоа што сум добар фудбалер, туку затоа што бараа лузна“, рече францускиот фудбалер.

 

 

Се вчитува...