Рибери го „запали“ Салерно: Како Марадона во Неапол?

Францускиот напаѓач Франк Рибери кариерата ја продолжува во италијанската Салернитана, тим со кого потпиша едногодишен договор.

Фудбалската ѕвезда пристигна во Салерно денеска, каде беше пречекан од голем број фанови. Фактот дека неговото доаѓање ќе се спореди со трансферот на Диего Армандо Марадона во Наполи зборува доволно за статусот што ќе го има во новиот клуб.

„Дали ми се допаѓа Марадона во Наполи? Диего имаше страшна кариера. Што се однесува до мене, тука сум да дадам се од себе и да ја работам работата најдобро што можам. Само сакам да направам се’ за овој клуб, соиграчите и навивачите. Тоа е мојот менталитет, сега ми треба само малку време“, изјави 38-годишниот играч.

За потсетување, Салернитана се врати во Серија А по 23 години.

 

 

 

Се вчитува...