Баерн Минхен не се откажува така лесно од битката со Борусија Дортмунд за шампионската титула во Германија. Баварците славеа убедливо со 0-3 на гостувањето против Ајнтрахт Франкфурт во дербито на 17. коло Бундеслигата.
Составот на Нико Ковач до предност дојде со голот на Рибери во 35. минута, а на асистенција на Левандовски…
Во 79. минута Франк Рибери повторно погоди за водство и од 0-2, а Рафиња во 89. минута ги постави конечните 0-3.
Баерн Минхен е на втората позиција на табелата со 36 бода, шест помалку од водечката Борусија Дортмунд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА