Рибери: Малку недостигаше да ми ја ампутираат ногата

Поранешниот француски фудбалер Франк Рибери искрено говорешеза сериозните здравствени проблеми со кои се соочил за време на кариерата во Фиорентина и Салернитана.

„Се повеќе ме болеше коленото. Веќе не тренирав меѓу натпреварите, туку се опоравував за да се заштитам“, објасни за Л’екип поранешниот крилен напаѓач, кој на почетокот на април ќе го прослави својот 42 роденден.

Тестовите покажале дека коленото на Рибери нема ‘рскавица.

„Отидов „под нож“ во Австрија и ми ставија плочка. Сепак, не помина како што треба. По околу пет месеци добив сериозна инфекција. Инфекцијата брзо се прошири. Беше толку лошо што имав дупки на ногата. Се заразив со стрептокока. Отидовме во собата за итни случаи во Австрија, каде што поминав 12 дена. Бев преплашен. Можеа да ми ја ампутираат ногата“, објасни Рибери.

Се вчитува...