Франк Рибери и со 38 години не размислува да се пензионира. Французинот пред неколку дена остана без ангажманот во Фиорентина која му се заблагодари за двете прекрасни сезони, па легендарниот фудбалер сега тргна по потрага на нов ангажман.
За крилниот играч постои интерес од Италија каде неколку тима ќе се борат за неговиот потпис. Прва во битката за асот е Сампдорија, а веднаш за неа е Лацио. Покрај прволигашката сцена, за Рибери постои и интерес од Серија Б каде опција е Монца која сака да се врати на големата сцена, пренесуваат италијанските медиуми.
Преискуниот Французин кој кариера ја започна во 2000 година во минатото со успешност ги бранеше боите на неколку клуба во Франција, настапуваше и за Галатасарај, а најдолго се задржа во Баерн Минхен каде од 2007 до 2019 година одигра повеќе од 270 натпревари и постигна повеќе од 80 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА