Рибери не штеди комплименти: Влаховиќ може да биде новиот Левандовски!

Фудбалерот на Салернитана Франк Рибери е убеден дека пред напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ има одлична кариера. Српскиот напаѓач оваа зима се пресели во Јуве од Фиорентина, за која Рибери настапуваше и од 2019 до 2021 година.

Сезонава Влаховиќ на 35 одиграни натпревари во сите натпреварувања постигна 26 гола и пет асистенции.

„Влаховиќ, како и сите вистински шампиони, е голем работник. Згора на тоа, мрази да губи, се лути дури и тоа да му се случи на тренинг. Тоа не е мала работа, тоа е духот на победникот. Тој може да биде новиот Левандовски, тие ја имаат истата сила и менталитет. Се додека работи како порано, фокусиран секој ден на напредок. Душан е млад, но тој е ментално одличен – мора да се навикне на голем притисок во Јувентус, во врвен клуб каде што треба да се победи на секој натпревар“, изјави Рибери во интервју за ‘Тутоспорт’.

Рибери, кој неодамна наполни 38 години, вели дека се уште игра фудбал затоа што чувствува страст.

„Нема случајности во кариерата што ја имав. Тоа е резултат на многу жртви направени во комбинација со радоста што ја чувствувам додека играм фудбал“, заклучи Франк.

 

 

 

 

Се вчитува...