Рибери потпишува за нов клуб во понеделник

Франк Рибери во понеделник потпишува за нов клуб на Серија А, Салернитана, вака барем пренесува добро информираниот италијански новинар Фабрицио Романо.

Договорот на Рибери со Фиорентина истече ова лето. Бидејќи клубот од Фиренца не сакаше да му понуди нов договор, тој стана слободен играч, и како таков може да потпише договор со новиот клуб дури и сега кога истече преодниот трансфер период.

Франк ќе потпише едногодишен договор со новиот член на најдобрата италијанска лига, според кој ќе заработи 1.500.000 евра без бонуси. Ако земеме предвид дека Французинот има 38 години, тоа е одличен ангажман.

Во својата богата кариера, Рибери играше за Булоња, Олимпик, Брест, Мец, Галатасарај, Марсеј, Баерн и Фиорентина.

 

 

 

 

Се вчитува...