Легендарниот француски фудбалер Франк Рибери на крајот на минатата сезона го напушти Баерн Минхен со кој успеа да ги освои сите трофеи.
Тој изјави дека се уште не планира да замине во пензија, а во текот на летото се шпекулираше дека би можел да потпише со Шефилд Јунајтед и ПСВ Ајднховен. Сепак, од тие трансфери не испадна ништо, а изгледа сагата е пред самиот крај, бидејќи тој е пред трансфер во Фиорентина.
По очајниот крај на минатата сезона тимот од Фиренца со новиот сопственик сака да направи тим кој ќе може да се бори за Европа, а како една од желбите на раководството се споменува Рибери, кој треба да го пренесе својот шампионски менталитет на младите фудбалери на Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА