Франк Рибери не го крие разочарувањето од односот на раководството на Фиорентина, откако на 38-годишниот ветеран не му беше понудено продолжување на соработката со калчолигашот од Фиренца.
Во договорот имаше клаузула за автоматско продолжување на уште една година, но „виолетовите“ решија да не ја активираат, оставајќи го екс-фудбалерот на Баерн Минхен без ангажман.
„Овие две години со Фиорентина беа фантастични, без оглед на проблемите со коронавирусот. Штета е, сакав да одиграм уште една година за овој клуб, но ова било мојата судбина. Секогаш давав се од себе на теренот, бев тука со совети за помладите, но кога требаше да ја дознаам својата иднина буквално никој не ми се јави да ми соопшти дека клубот не сметаа повеќе на моите услуги. Искрено, очекував повеќе почит од луѓето во клубот, но и тоа е составен дел од животот“, изјави Рибери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА