Желбата да се почести со познатиот „златен бифтек“ во популарен ресторан, Франк Рибери ја плати со серија негативни коментари на социјалните мрежи. Французинот пак реши најгрубо да се пресмета со критичарите одговорајќи им со најжестоки пцовки.
„За почеток на 2019 да се позанимаваме и со најситните детали. Да почнеме од љубомората и „хејтерите“ кои постојат затоа што кондомот имал дупка. Да ви ги е..м мајките, бабите и целото семејно стебло. Ништо не ви должам. Мојот успех е пред се благодаение на Бога, на мене и на моите најблиски кои веруваа во мене. Останатите, небитни сте“ – напиша Рибери.
— Franck Ribéry (@FranckRibery) January 5, 2019
No better way to start the year than with a dash of salt and a visit to my Turkish brother ???? #SaltBae #fr7? #ELHAMDOULILLAH??♥️ pic.twitter.com/O5ztj4mueq
— Franck Ribéry (@FranckRibery) January 3, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА