Рибери се враќа во Галатасарај?

Враќање назад во Галатасарај станува сериозна опција за Франк Рибери, откако турскиот гигант најави дека е подготвен да испрати понуда за ангажман на крилниот офанзивец на Баерн Минхен. Актуелниот договор на Рибери истекува на крајот од сезонава, од Баерн најавија дека нема да му биде понудено продолжување на соработката, по што Французинот почна да ги разгледува опциите за трансфер во текот на летото.

„Желба ми е да останам во Баерн, но само доколку Баерн сака да ме задржи. Ако тоа не е случај, ќе ја изберам најдобрата опција за мене“ – истакна Рибери.

Тој веќе одби две понуди од Кина со образложение дека не сака да заминува во далечна земја, а интересот на Галатасарај го прифати со оптимизам дека би можел да најде заеднички јазик со својот поранешен клуб. Рибери со успех го носеше дресот на Галата во 2005 година, кога се избори и за прв настап во францускиот национален тим.

Турските медиуми најавуваат дека Галата подготвил понуда за двогодишен договор вреден 1,5 милиони евра по сезона, па на Рибери е да пресече дали ќе се врати назад во Истанбул, или ќе се реши за поинаков финиш на својата фантастична кариера.

Се вчитува...