Францускиот ветеран Франк Рибери од денеска официјално не е повеќе фудбалер на италијанска Фиорентина, откако му заврши актуелниот договор, но не успеа да најде заеднички јазик со управата на „виолетовите“ за продолжување на соработката.
Иако имало желба и кај двете страни за да продолжи Рибери на „Артемио Франки“, на крајот до договор не дошло, па Фиорентина денеска потврди дека францускиот фудбалер не е повеќе дел од тимот.
Рибери дојде во Фиренца во август 2019 година како слободен играч, после 12 години во дресот на германскиот великан Баерн Минхен, но повредите го спречија да одигра повеќе за „виолетовите“, па за две сезони собра само 51 настап и даде пет гола, а зад своето име запиша десет асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА