Бразилскиот фудбалер Ричарлисон ова лето се поврзува со заминување од Тотенхем каде не го оправда очекувањата по трансферот вреден 58 милиони евра од Евертон во 2022 година.
Сега 28-годишниот напаѓач не успеа да се наметне во лондонскиот тим, претходната сезона го мачеа и повреди па настапи на само 15 натпревари во Премиерлигата и седум во Лига Европа постигнувајќи само пет голови и две асистенции во двете натпреварувања.
Неговиот договор е со важност до крајот на сезоната 2026/27, а и покрај тоа што се споменуваше трансфер во Галатасарај или враќање назад во татковината, последните вести од Англија велат дека ќе добие нова шанса од страна на тренерот Томас Франк.
Истата ќе биде на подготовките за новата сезона каде напаѓачот ќе има слобода да го покаже најдоброто од себе во средбите со Ридинг, Лутон, Арсенал, Њукасл Јунајтед и Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

